Д. Павловиќева маст - Латекс

ОСНОВОПОЛОЖНИК НА ХИПОТЕТИЧКОТО НОВИНАРСТВО

1 note

Екслузивно за Шител: Соросоиди фрлале гомна со лопати во Вардар

Утрово осамна снимка од фонтаните во Вардар како фрлаат кал. Шител дојде до ексклузивни информации преку анонимен јавувач дека не се работи за кал, туку за гомна подметнати во Вардар од страна на соросоидни структури.

Имено, анонимниот јавувач за Шител кажа дека вчеравечер, околу 11.30 часот видени се 4 соросоиди во непосредна близина на споменикот на Јустинијан како со лопати фрлаат гомна во Вардар. Брдото од гомна изнесувало околу 4 метри, а при фрлањето на гомната во Вардар се пеела комуњарската: Јој Козаро. 

Она што не успеа да дознае Шител е за каков вид на гомна се работи. Дали гомната биле тврди или меки, дали биле кафени или зелени, останува се уште нејасно. Овој факт е битен за да се дознае дали гомната се увезени од надвор или се директен производ на соросоидните комуњари. Имено, надалеку е познато дека соросоидните ануси произведуваат строго зелени гомна во течна форма.

Ова е само уште еден доказ дека соросоидните комуњари не само што сакаат да ја уништат државата, туку и народот што живее во неа. Меѓутоа тој нив пред 3 месеци убаво им кажа: Гомна ниту сакаме да јадеме, ниту да пиеме, а богами ни да дишеме. 

За Шител директно од Плоштадот Македонија

Драганчо Павловиќева маст - Латекс

*настаните и личностите се измислени. Сите сличности со вистински луѓе и настани се сосема случајни, освен оние кои не се.

0 notes

Антидржавни соросоидни елементи ја кодошат Македонија во Брисел

Скандал повторно го тресе Брисел. Еден месец пред да биде донесен извештајот за слобода на медиуми во Македонија, антидржавни соросоидни елементи отидоа во Брисел со цел кодошење на Македонија. Маскирани како новинари, а сите од нив всушност со различни професии, сосема неповрзани со новинарството (еден пиљар, еден глумец, еден слаткар, еден опинчар и еден казанџија) имаа уште еден неуспешен обид за државен пуч и рушење на власта во Македонија. 

Храбрата македонска фаланга, предводена од Свирка, Свиленко и Фактор Икс отиде во Брисел да ја одбрани честа на својата држава. Без пари, гладни и жедни, тотално неухранети и дехидрирани стигнаа во Брисел со една мисла на ум: Македонија не смее да биде оцрнета. Во ексклузивна телефонска комуникација вчеравечер со нив имав можност да дознаам дека тројцата тргнале уште од 2 саат сабајле кон велелепниот аеродром Александар Трети Цар Семакедонски, за да чекаат last minute понуди за Брисел на шалтер. Ова го направиле бидејќи за разлика од соросоидните кретеноиди тие немаат свој спонзор кој им ги плаќа авионските карти за Брисел, туку тие ги платиле од свој џеб. Поради ограничениот буџет и неможноста да си приуштат јадење во ресторан во Брисел, ексклузивно дознаваме дека секој од нив во торбата рачен багаж носел и домашно месена лепиња и по една тегла овогодишен тазе ајвар.

Во стилот на гемиџиите, отидени таму за да направат многу бука и да кренат галама, македонската фаланга иницијално го привлече вниманието кон нив. Но тоа траеше кратко. Германски европратеник со потекло од нашиот јужен сосед, прво ја стави неговата рака преку устата на дамата Свирка, за потоа да ја качи на ушка и така носејќи ја на ушка да ја исфрли од просториите на Европарламентот. Шител екслузивно дознава дека грчкиот европарламентарец го правел сето тоа галопирајќи, намерно, со цел при секое потскокнување нагоре, ламбада сукњата која што дамата Свирка ја носела на себе да се крева нагоре и целиот Европарламент да дознае дека баш тој ден дамата Свирка не носи танга гаќи, туку бела гаќа од домашно производство. 

Ни најмалку засрамена од тоа што целиот Европарламент знае какви гаќи носи дента, дамата Свирка за Шител изјави: “Треба да имаш мадиња за да бидеш вистински новинар и да го направиш ова. А јас не само што изгледам како да имам мадиња, туку и навистина покажав дека ги имам!” 

Гладни и жедни, со празни џебови македонската фаланга се врати назад во Македонија, оневозможувајќи уште еден државен удар на соросоидите. Велат, пак ако одат, пак ќе понесат тегла ајвар со себе, можеби и повеќе од една. Имено, за време на ручекот, меѓу европарламентарците се барало кришка леб повеќе, за да се макне во домашниот ајвар на Свиленко.

За Шител директно од Брисел

Драганчо Павловиќева маст - Латекс

*настаните и личностите се измислени. Сите сличности со вистински луѓе и настани се сосема случајни, освен оние кои не се.

1 note

Ексклузивно за Шител: Бранковисти лобирале за секунда повеќе

Фрапантни информации од анонимни извори говорат за Шител дека приврзаници на бранковизмот лобирале кај судиите при драматичната завршница на мечот на Македонија против Русија на европското првенство во баскет 2011. Изворот, кој заради безбедносни причини сакаше да остане анонимен, за Шител изјави:

“Седев три реда над судиите. Кога настана целата галама околу тоа дека треба да се врати времетоназад, на еден од судиите му беше подадено ливче под маса. Го отвори. Не можев да прочитам што пишуваше на него, но можев да го видам потписот. Комуњара 4ever. Без двоумење одма после тоа, судијата даде наредба наместо на 1.5 секунди времето да се врати на 2.5 секунди.”

Надалеку е познато дека приврзаниците на бранковизмот и припадниците на овој клан се потпишуваат со овој потпис.

Дали во тоа ливче биле наведени закани кон судијата или било понудено мито, останува сеуште непознато. Она што јасно говори дека уште еднаш бранковистите и комуњарите работат во секое поле против државните интереси, дури и кога се работи за спортот и македонската национална репрезентација. Шител ќе продолжи да го истражува овој случај.

За Шител директно од Литванија

Драганчо Павловиќева маст - Латекс

*настаните и личностите се измислени. Сите сличности со вистински луѓе и настани се сосема случајни, освен оние кои не се.

0 notes

Ексклузивно за Шител: Иванчо Котлевски - Комуњарски нинџи ми подметнаа лажен текст

Намерата на соросоидите да ја дестабилизираат државава по секоја сцена уште еднаш излезе на виделина. Имено портпаролот на МВРОЛОЛО Иванчо Котлевски денес на прес конференцијата требаше да го најави најновиот проект на МВРОЛОЛО кој што ќе го спаси и онака плиткиот џеп на туристите кои што доаѓаат во Македонија - Андроид апликација која што ќе им кажува на корисниците каде има радари, за да знаат да ја намалат брзината.

Меѓутоа на прес конференцијата на МВРОЛОЛО, портпаролот наместо за андроид апликација зборуваше за андроид импликација. Видно вознемирен бидејќи за време на прес конференцијата никој не го поправил, тој за Шител изјави: “Ова е уште едно масло на комуњарските нинџи. Јас лично го проверив текстот што требаше да го читам на прес конференцијата. Половина час претходно видов тројца луѓе облечени во црно од глава до пети како се промотаа кај мене пред канцеларија. Беше тоа многу краток миг. Меѓутоа Македонија е слободна и демократска земја, и основни сомневања за сомнителни дејности на луѓе само врз основа на нивниот начин на облекување не смеат да се прават.” Нити фактот што тие луѓе нема како друго да се појавиле во зградата освен низ прозорот на машкото ВЦ, бидејќи на влезот на зградата се идентификуваат сите лица кои што ја посетуваат и напуштаат зградата а сите прозори освен оние во ВЦ-то се затворени заради централниот клима систем во зградата, не ги навело присутните во зградата да се посомневаат дека се работи за комуњарски нинџи од највисок ранг.

Една жена вработена во МВРОЛОЛО, која што сакаше да остане анонимна, за Шител изјави: Баш во тој период бев на пуш пауза. Само што ја допушив цигарата, и тргнав да се вратам назад на работа, ме посра една птица директко на челото. Кренав погледот нагоре за да ја видам птицата, и во тој момент за многу краток период како да видов една нога како се вовлекува преку прозорот во женското ВЦ. Си помислив дека ми се причинува и сонцето ме удрило во глава, но очигледно видот се уште ме служи. Видно потресена од фактот што комуњарските нинџи се уште постојат и загрижена за нејзината безедност, жената додека ја даваше оваа изјава, се уште беше со птичји гомна на челото.

Во моментов во МВРОЛОЛО се земаат отпечатоци од подметнатото парче хартија. Истрагата е во тек, а од нинџите ни трага ни глас. Шител ќе остане на местото на злосторот и навремено ќе информира кога ќе има било какви нови информации.

За Шител директно од МВРОЛОЛО

Драганчо Павловиќева маст - Латекс

*настаните и личностите се измислени. Сите сличности со вистински луѓе и настани се сосема случајни, освен оние кои не се.

0 notes

Ексклузивно за Шител: Соросоиди му помагаат на Гадафи да остане на власт

Шител дојде до шокантни сознанија. Имено додека обрачот околу либискиот лидер се стеснува и бунтовниците го стегаат обрачот околу Триполи, вчера на заседанието на централниот комитет на соросоидите била донесена одлука да му се даде логистичка поддршка на либискиот лидер. Комуњарите се одлучиле на овој потег бидејќи последниот обид за преврат на власта во Англија пред извесно врем не им успеа, а и протестите во Македонија не донесоа никаков резултат.

Read more …

0 notes

Ексклузивно за Шител: Пемиеот се бричи под мишки со македонска пена за бричење

Среда обичен работен ден. Откако нервозно потапкав повеќе од половина час конечно се појави пемиеот, кај него пред канцеларија. 

Беше мошне задишан. Ми рече: “Извини, се занесов денеска малку повеќе. Техново ме излуде, три пати до Влае и назад извозев. Не знам како ќе соберам сила за на состаноци.”

Поради тоа што работата му е динамична, пемиеот не може да си дозволи да оди до дома да се истушира, туку тој ритуал мора да го обави на работа. Шител имаше ексклузивна можност да види како се одвива тој ритуал. 

Покрај здравиот живот што го води, пемиеот со сета душа ја поддржува македонската економија и производство. Имено пемиеот во својата канцеларија има веце од околу 15-ина метри квадратни, вклучително бања. Напред пред вецето стојат 2 лава, секој на по една страна од вратата кои што го чуваат пемиеот при туширање, да не влезе некоја непожелна особа. Обложено е со плочки во црвено-жолт декор од македонско производство, а и санитариите се македонски. На завесата зрачи шестнаесеткракото сонце на Вергина.

Интересен податок е што пемиеот косата и телото ги мие со Бекутан шампон и купка. На нашето прашање зошто покрај толку многу колекции за мажи од македонско производство, тој се одлучил за бебешка колекција, тој ни одговори: Едноставно најмногу и пријаат на мојата коса и кожа. И не се срамам јавно да кажам дека ги користам.

И покрај тоа што има бања а не туш кабина, многу ретко практикува лежење во када. Динамиката на неговата работа не му го дозволува тој луксуз. Скоро секогаш се тушира стоечки. Откако два пати темелно ќе ги измие косата и телото, пемиеот преминува кон триење на петите. Тој вели дека многу често го практикува тоа, бидејќи тврдите чевли кои што ги носи од сабајле до вечер му ги отекуваат нозете и петите му станувале како на селанец. Ноктите ги сечел дома. Сепак тоа е еден интимен чин, на кој што не му прилега практикување на работното место.

Процесот на бричење на брада го изоставува, бидејќи тоа го прави насабајле, дома. Меѓутоа на работа редовно се бричи под мишка. Единствено жилетите што ги користи за таа намена не се од македонско производство, но тука не може да му се замери. Сепак, Gillette e Gillette. Но пената за бричење е од македонско потекло. Го прашавме и таа дали прија на неговата кожа. Тој ни рече дека е беспрекорна и дека никогаш досега немал алергиска реакција ниту пак црвени мозолчиња под мишка. 

Откако ги натна панталоните, кошулата, врза вратоврската и исуши косата, ритуалот го заврши со ставање на мала доза гел за коса Val. Ни се извини што има само толку време да ни посвети, и ни вети дека ќе не повика и друг пат да присуствуваме на неговиот дневен ритуал - туширање на работа. 

Да напоменеме само дека во склад на патриотскиот обред на туширање, за разлика од техното кое што го слуша додека спортува, за време на целиот ритуал на туширање во позадина свиреше Бисер Балкански. 

За Шител директно од бањата на пемиеот

Драганчо Павловиќева маст – Латекс

*настаните и личностите се измислени. Сите сличности со вистински луѓе и настани се сосема случајни, освен оние кои не се.

Read more …

0 notes

Ексклузивно за Шител: Лабуристите ме тераа да протестирам!

Северниот дел на Лондон, Тотенхем вчеравечер гореше. Нередите избија откако криминалец од највисок можен ранг одбил да се предаде на полицијата, па во меѓусебна пресметка со полицијата, еден полицаец го застрелал криминалецот. Неколку стотина луѓе спонтано се собраа на улиците да го изразат своето незадоволство. Но набргу потоа можеа да се забележат видни фаци од редовите на лабуристите меѓу протестирачите, што јасно укажува на фактот дека тие протестирачи не се собрале спонтано, туку се отидени на улица со инструкции од лабуристичките редови.

Шител зема и изјави од неколку протестирачи кои што беа згрозени од валканите политички игри што ги играат лабуристите. “Ние излеговме на улица да протестираме против полициското насилство. Но ова што го прават лабуристите е чиста злоупотреба на млади наивни луѓе. Ние одбиваме да потпаднеме под такво влијание, и затоа утре ќе протестираме пред седиштето на лабуристите.”

Дека тоа не е спонтано собрана маса на луѓе туку инструирани нереди со цел да се собори власта потврдува и фактот дека вчера доцна во ноќта хулиганите запалиле зграда на поштата, ограбиле супермаркет, маркет за електроника, запален е автобус допелдекер, а на крајот на вечерта хулиганите провалиле и во Мекдоналдс, каде самите правеле хамбургери. Шител дојде до фрапантни податоци дека пред само 3 месеци самопрогласениот лидер на овие протести бил на обука за правење хамбургери финансирана од Сорос во Белград.

Во меѓувреме се јавија и родителите на починатиот. Повикаа да се смират тензиите и ја замолија целата англиска јавност да престане да протестира бидејќи болката нивна е голема, и сакаат да тагуваат сами.

За Шител од Тотенхем

Драганчо Павловиќева маст – Латекс

*настаните и личностите се измислени. Сите сличности со вистински луѓе и настани се сосема случајни, освен оние кои не се.